Македонија 24. ноември 2019. / 19:05

Анкета на „Детектор“: Денес потешко се доаѓа до работа во споредба со пред 10 години

Анкета на „Детектор“: Денес потешко се доаѓа до работа во споредба со пред 10 години

Во емисијата „Детектор“ на телевизија Сител денеска беше презентирана анкета која уште еднаш ја потврди неспособноста на власта да отвора нови работни места,

Имено на прашањето „Генерално дали е полесно да се најде работа денес или пред 10 години“ дури 37 проценти од испитаниците кажале дека тоа било полесно пред 10 години од колку денес.

Во истата анкета само 28,4 проценти од испитаниците одговориле дека денеска е полесно да се најде работа отколку пред 10 години.

Зоран Заев за време на изборите  јавно ветуваше отворање на нови работни места, зголемување на платите и намалување на иселувањето.