Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев ќе оди на местото на премиерот Зоран Заев на работниот ручек со австрискиот канцелар Себастијан Курц во Виена со другите регионални лидери.
Инаку, Заев уште минатата недела објави дека нема да присуствува на 15-от виенски економски форум поради други работни обврски.
Инаку на форумот се најавени теми за интеграцијата во ЕУ на земјите од западен Балкан, преку дигитализација до зголемување на регионална соработка.