На прашањето во дебатниот магазин „Клик Плус“, врз основа на кои критериуми Љубе Бошкоски е вработен во владата како посебен советник за странски инвестиции, вицепремиерот не сакаше премногу да коментира, туку одговори дека треба на секому да му се даде шанса.
-Не сакам да кажам дали Бошкоски ќе биде тој ќе биде успешен или нема да биде успешен, тоа ќе покаже времето како и за сите нас функционерите. Но, морам да кажам дека наскоро ќе има конкурс за 30-тина нови вработубања, на лица кои што ќе бидат млади и професионални, изјави Анѓушев.