Македонија 22. ноември 2020. / 12:55

Ангеловски: На ред е ФФМ да каже дали ќе ја водам репрезентацијата на Европско

Ангеловски: На ред е ФФМ да каже дали ќе ја водам репрезентацијата на Европско

Селекторот Игор Ангеловски однесе Македонија на ЕП но сè уште не се започнати преговорите за нов договор.

Фудбалската репрезентација на Македонија пред 10 дена го оствари најголемиот успех во историјата, обезбеди пласман на Европското првенство, а еден од најзаслужните за овој успех е селекторот Игор Ангеловски.

Ангеловски пет години е на селекторската функција и на 12. ноември му го донесе најголемиот успех на македонскиот фудбал, ја однесе репрезентацијата на Европското првенство, но остана без договор.

Имено, неговиот договор истекува на крајот од годината, но засега преговорите за нов не се започнати, открива Ангеловски во интервју за полскиот „Спорт“.

– Актуелниот договор со ФФМ ми завршува на крајот на годинава. Јас мојата работа ја завршив. Сите знаат дека сакам да го водам овој тим на Европското првенство. Досега, никој не разговарам со мене дали ќе останам на позицијата и што ќе се случува понатаму. Сега е ред на ФФМ да го направи следниот чекор – вели Ангеловски.