Македонија 22. август 2019. / 12:11

Ангеловска ја прифатила понудата за кандидат за нов министер за финансии

Ангеловска ја прифатила понудата за кандидат за нов министер за финансии

Централниот одбор на СДСМ на вечерашната седница треба да ја утврди Нина Ангеловска за кандидат за нов министер за финансии. Ангеловска, која се споменуваше и меѓу можните кандидати за потпретседатели на СДСМ, како што пишува „360 степени“, ја прифатила поканата од премиерот Зоран Заев да раководи со ресорот финансии во Владата.

Таа од 2016 г. е доктор на науки по менаџмент, а во 2010 г. дипломирала на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје како студент на генерација.

Нина Ангеловска се смета за успешна млада бизнисменка за што потврда е вбројувањето од „Форбс“ во 2018 г. во „Топ 30 под 30“ – триесетте најуспешни во Европа во продажба (е-комерција), а се помлади од 30 години.