Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов преку статус на својот фејсбук профил го осуди скандирањето „УЧК“ за време на кој било јавен настан.
Уште повеќе иритира фактот, додава Ангелов, што ова се случува на протестот за случајот „Монструм”.
-Скандирањето “УЧК, УЧК…” за време на било кој протест или друг јавен настан, без разлика колкава е бројноста на групата која скандира, ја разгорува меѓуетничката омраза и не оди во прилог на процесот на помирување за кој толку многу зборуваме и се залагаме, поради што треба да биде цел на силна општествена осуда од сите значајни општествени фактори.
Уште повеќе иритира фактот дека вакво скандирање се случи на протест за случајот “Монструм” во кој се води судска постапка за сурово убиство на 5 недолжни лица, напиша Стојанче Ангелов.
СИЛНА ОСУДА
Скандирањето “УЧК, УЧК…” за време на било кој протест или друг јавен настан, без разлика колкава е…Posted by Стојанче Ангелов on Saturday, January 30, 2021