Македонија 28. март 2019. / 19:40

Ангелов: Дурловски не бил свесен за планот што се кроел на 27 април

Ангелов: Дурловски не бил свесен за планот што се кроел на 27 април

Оперскиот пејач, Игор Дурловски, не бил свесен за планот кој се кроел зад сцената и сметам дека наивно и со искрени мотиви влегол во целата приказна, рече генералот, Стојанче Ангелов, во вечерашната дебата на Канал 5.

Тој вели дека е добро што Дурловски беше ослободен од вина и ги повтори зборовите на судијката Добрила Кацарска која рече дека против него немало доволно докази за биде осуден.