Бугарскиот евро-пратеник Андреј Ковачев убеден дека југоносталгија стои зад реакциите од Македонија по дрското инсисирање на официјална Софија дека не постои македонски јазик, нација, историја, нападна новинар на Дојче веле.
Во последниот во низата координирани напади од бугарска страна – Каракачанов –Ковачев – Топалов – европратеникот Ковечев вели:
„Во стил типичен за времето на Титова Југославија, испреплетен со анахронистички библиски референци, Поповски ја унапреди и старата теза за „бугарскиот фашистички окупатор“ имајќи ја предвид бугарската администрација на Македонија во периодот од 1941 до 1944 година. Оваа теза им се предава до денес на македонските ученици, со нејзините „уметнички“ еманации како што е филмот „Трето полувреме“ – реализиран и финансиран во времето на Никола Груевски, како главен столб на создадената по 1944 година и култивиран до денес омраза кон Бугарија и бугарскиот народ. Оваа теза се заснова на историски манипулации и отворени лаги. Од 1913 година, Вардарска Македонија е под српска окупација, а зборот Македонија е дури и забранет од српските власти. Србите управуваа со „Вардарска бановина” преку брутален терор против каков било отпор. Бугарското население се организира за борба за ослободување.