Македонија 22. март 2019. / 21:22

Андов: Адвокатката на Фрчкоски, која е негова сопруга ме тужеше за книгата

Андов: Адвокатката на Фрчкоски, која е негова сопруга ме тужеше за книгата

Адвокатката на Фрчкоски, која е негова сопруга ја читала книгата и таа цени работи кои не ги преживела. Ако Фрчкоски ја прочитал книгата, ќе се уверел дека нема основа за тужба, изјави Стојан Андов.

Човекот не успеа да го спречи атентатот, а потоа го снема, јас пишувам како беше, а не како гледам, изјави вечерва во Само вистина на Канал 5, поранешниот претседател на Собранието, Стојан Андов, за екс министерот за внатрешни работи, Љубомир Фрчкоски кој го тужи, и поради што е забранета книгата на Андов.

Андов вели дека бил сведок на сите тие настани, и е должен на овој народ тоа да му го пренесе.

Фрчкоски 4 години беше министер за внатрешни работи и покажа дека не е дораснат за таа работа. Правеше скандали, коњи купуваше, реј-бан очила а полицијата немаше никаква опрема, униформа, а тој се изживуваше со пури, изјави Андов.

Тој објасни дека чекал период со слободно време, без ангажман за да ја напише книгата.