Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски во вечерашното гостување во „Филибастер“ на Радио Лидер, рече дека скандалот софантом фирмата преку којашто Владата се обидела да набави кинески вакцини почнал уште минатата година кога повеќе странски амбасади амбасади зборуваа дека имаат вакцини коишто можат да ги понудат.
„Ние имавме еден синџир на информации, но овие амбасади се жалеа дека немаат никаков одговор од Министерството за здравство, ова етој страшен сегмент, ова е октомври-ноември минатата година, кога овие амбасади понудиле, но што е најстрашно од Министерството за здравство немало никаков одговор. Втората фаза кога Владата сфаќа дека вакцини нема да добие од тие коишто и се ветени на мултилатерално ниво, затоа што знаете нашата Влада е научена друг да им ги врши работите за нив. Европска унија да ги врши работите за пристапувањето, НАТО да ни ги заврши работите за праќање на наши претставници во НАТО, значи сертификатите НАТО да ни ги изработи наместо ние да си ја сработиме домашната задача. Истата е ситуацијата и сега со вакцините“, рече Андоновски.
Според него, кога виделе од Владата во декември дека не може да се набават вакцините, се обиделе да ги контактираат производителите од Кина преку посредници, со цел да направат како што рече, аванта.
„Еден од тие посредници според моитеинформации, нека ме демантираат ако не е така, е еденод посредниците којшто учестуваше во набавката на сомнителни заштитни маски во почетокот на пандемијата, со конекции преку Дубаи, којшто набавуваа маски без сертификати. Првиот обид е преку такви посредници. Вториот обид е преку други посредници кои се наоѓаат во Република Кина. Но, светските стандарди за вакцинација бараат секоја држава да конкурира на пазарот односно да преговара директно со производителите. Тоа се светски и европски стандарди за набавка и нашава Влада не сакала или се обидувала да ги заобиколи. Не треба една амбасада да ви каже дека вие не можете да набавите преку посредници, туку мора да набавите директно како држава, а тогаш веќе не можете да ставите пари во џеб и да барате процент од вакцинацијата. И тука тие удираат во ѕид и затоа ние немаме вакцини“, појасни Андоновски.