Македонија 06. мај 2019. / 09:44

Андонов стана градоначалник на Ново Село со само 19 гласа разлика

Андонов стана градоначалник на Ново Село со само 19 гласа разлика

Со само 19 гласа разлика, Никола Андонов од СДСМ го победи противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Николчо Стоилков, и стана новиот градоначалник на Ново Село.

Според официјалните податоци на ДИК, Андонов освои 2.885 гласови, а Стоилков 2.866. Бројот на неважечки ливчиња пак е 104.

Во Охрид победата ја однесе досегашниот вршител на должноста Константин Георгиески кој освои 16.523 гласа, наспроти противкандидатот од ВМРО ДПМНЕ Митре Милошевски со 12.668 гласа.