Македонија 01. април 2019. / 19:35

Аналитичарот Весели: Се сомневам дека изборите ќе бидат фер и демократски

Аналитичарот Весели: Се сомневам дека изборите ќе бидат фер и демократски

Овие 20 дена од кандидатите ќе ги слушаме нивните програми, но до сега, смета аналитичарот Абдулади Весели, тие не се занимавале со теми кои се надлежност на претседателот.

Кандидатите за претседател, според мене треба да се сконцентрираат на надлежностите кои што ги имаат, без при тоа да бидат еуфорични и да ги зголемуваат надежите на граѓаните, дека ако тој стане претседател  во Македонија ќе биде мед и млеко, вели Весели во гостувањето во Отворено на Алфа.

Додава дека споре него секое владино мнозинство, ги добивале и локалните но и претседателските избори.

Но партија или партии кои ги имаат  централна, локална и претседателска власт под нивна контрола, нивната работа не оди на нагорна, туку на надолна линија. Затоа првично треба да имаме фер и демократски избори, а јас се сомневам во тоа, смета Весели.