Македонија 08. март 2019. / 09:42

Анагностопулу во посета на Скопје: Ќе се сретне со Заев, Димитров и Османи

Анагностопулу во посета на Скопје: Ќе се сретне со Заев, Димитров и Османи

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска ќе биде домаќин на делегација од Република Грција предводена од алтернативната министерка за надворешни работи, Атанасиа Анагностопулу, која е во работна посета на земјава.

Централната средба ќе се одржи во Секретаријатот за европски прашања, а во рамки на дводневната работна посета алтернативната министерка Анагностопулу ќе оствари средби и со премиерот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, како и со министерот за надворешни работи Никола Димитров.