Македонија 26. август 2020. / 11:30

Амзоски побара отштета од 190.000 евра од Боки 13

Амзоски побара отштета од 190.000 евра од Боки 13

За разлика од Силјан Мицевски, вториот бизнисмен од случајот „Меѓународен сојуз“, Адријан Амзоски се појави на рочиштето во својство на оштетен.

На денешното судење беше објавено дека Адријан не бил управител на „Дрим билдинг“ туку татко му Селадим Амзоски. Адријан со генерално полномошно ги водел преговорите и потпишувал договори со „Меѓународен сојуз“. Тој побара оштета од 190.000 евра.

Судот побара од Адријан да поднесе доказ дали е управител или ополномоштето лице.