Македонија 15. февруари 2021. / 08:03

АМСМ: Внимателно зад воланот, има појава на голомразица, забрани на неколку патни правци

АМСМ: Внимателно зад воланот, има појава на голомразица, забрани на неколку патни правци

Сообраќајот на патиштата низ државата утринава се одвива отежнато, во зимски услови и по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот. Поради ниските утрински температури, има и појава на голомразица. Во целосен прекин е патот меѓу селата Ранковце и Герман, а на неколку други патни правци има забрана за движење за тешки товарни возила.

Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) утринава информира дека има забрана за камиони на патот Прилеп – Кавадарци преку планинскиот премин Плетвар, а на патот Тетово – Попова Шапка забраната се однесува за камиони и за автобуси.

Забрани има и на патните правци Битола – Ресен преку планинскиот премин „Ѓавато“, Крива Паланка – граничен премин „Деве Баир“, како и крак Маврово – Дебар, каде е забрането движење за тешки товарни возила со приколка. Тешки товарни возила не можат да се движат и на патот од Дебар кон Струга, а во спротивен правец од Струга кон Дебар нема забрана.