Македонија 07. мај 2019. / 18:25

Американскиот Стејт департмент упати честитка до Пендаровски

Американскиот Стејт департмент упати честитка до Пендаровски

Ден по честитката упатена од Американската амбасада во земјава, честитка за победата на Пендаровски упатија од американскиот Стејт департмент.

Изборите беа мирни и ја одразија волјата на народот и ние го почитуваме прелиминарниот извештај на ОБСЕ за изборите. САД се силен партнер на Северна Македонија и се надеваме на соработка со Стево Пендаровски и со сите политички партии во државата на патот Македонија да стане 30-тата членка на НАТО и на патот кон ЕУ, се вели во честитката на американскиот Стејт Департмент.