Македонија 06. февруари 2021. / 11:22

Американскиот Совет за Наука и Здравје: С. Македонија прикажува лажни бројки за Ковид!

Американскиот Совет за Наука и Здравје: С. Македонија прикажува лажни бројки за Ковид!

С. Македонија е една од земјите која измислува бројки или прикажува лажни бројки за заболени со Ковид-19, открива анализата на Американскиот Совет за Науки и Здравје.

Статистички тест сугерира дека неколку земји погрешно ги пријавуваат или измислуваат бројките на заболени од Ковид-19.

Податоци од реалниот свет следат многу чуден образец познат како Закон на Бенфорд. Законот опишува како првата цифра на секој број во случајна колекција на броеви е најверојатно 1, дека втората најверојатно е 2, дека третата најверојатно е 3, итн. Колку и да звучи чудно, се покажа дека е точно во сè, од сметководство до физички константи.

Исто така, се покажало дека е точно за бројот на пријавени случаи на КОВИД ширум светот.


Во списанието за јавно здравје, истражувачите Ахмад Килани и Георгиос Георгиу покажуваат дека глобално пријавените броеви на ковид-случаи го следат законот на Бенфорд, што сугерира дека, земено во целина, броењето на случаите на ковид е легитимно.

Некои земји ја прекршиле оваа шема, што навестува дека бројот на пријавени случаи на Ковид може да биде измислен или погрешно пријавен.

На листата помеѓу овие земји со лажни или сомнителни бројки на ковид-случаи се најде и Македонија.

Белорусија
Таџикистан
Русија
Украина
Узбекистан
Аргентина
Бразил
Чиле
Колумбија
Хондурас
Мексико
Никарагва
Панама
Перу
Бахреин
Египет
Кувајт
Палестина
Саудиска Арабија
Катар
Сирија
Албанија
Северна Македонија
Полска
Бангладеш
Бутан
Камбоџа
Монголија
Индија
Иран
Пакистан
Филипини
Турција
Лихтенштајн
Тајван
Соединети Американски Држави

Генерално, авторите откриле дека сомнителните податоци најверојатно се поврзани со помалку развиените земји.