Македонија 08. мај 2018. / 21:22

Американската амбасада против одлуката на Заев да ги назначи командант Хоџа и Љубе Бошковски за советници

Американската амбасада против одлуката на Заев да ги назначи командант Хоџа и Љубе Бошковски за советници

Американската амбасада не се согласува со одлуката на Зоран Заев, да бидат назначени Џезаир Шакири познат како командант Хоџа и Љубе Бошковски за советници во владата на Заев

“Ние ја пренесуваме нашата загриженост до владата каде што гледаме проблеми со назначените функционери.
Американските официјални лица не се исклучени од постапувањето со лица што се наоѓаат на листата на блокирани луѓе. СДН листата е важна алатка што се користи за блокирање на имот и ограничувања при патување со цел да се обезбедат целите на американската надворешна политика и национална безбедност”

Ова е одговор на американската амбасада на прашањата од медиумите по повод назначувањето на Џезаир Шакири познат како командандант Хоџа за советник за безбедност во Владата на Заев.