Македонија 03. јули 2019. / 16:40

Амди Бајрам: Не би правел тензии, Рашковски може кажал “цигани” во еуфорија

Амди Бајрам: Не би правел тензии, Рашковски може кажал “цигани” во еуфорија

Пратеникот Амди Бајрам кој е во коалиција со СДСМ, во изјава за Лидер не сака да го осуди Рашковски за расизам и говор на омраза.

Запрашан дали смета дека извинувањето до небо на Генералниот секретар е доволно или Драги Рашковски треба да понесе и некаква одговорност по однос на навредите кон ромската заедица? Бајрам одговара:

Не би сакал да навлегувам у тие работи, затоа што јас сум у коалиција со нив Не би сакал ја тензии да дигам сега тоа нема потреба. Може сега чоекот у еуфорија го кажал. Знаеш сега чоекот напад има она ова, ваму таму и сега кажал итаљаните се као цигани и сега тоа не би требало од моја страна да искочи тоа така. Не би сакал да го нападнам ништо. Го сфаќам у кој состојба се наоѓа и уште јас да го напаѓам не иде, не иде. Мислам дека у еуфорија го кажал тоа. Има многу луѓе така занаеш нескајќи ќе го фрлат муабетот. Со мене седат некои пратеници и некад ќе кажат циган. Ја после тоа кога ќе поминам после им викам јас сум Ром не сум Циган. Јас не го напаѓам, јас кажувам дека он го кажал тоа несекајќи у еуфорија – вели Бајрам во изјава за Лидер.