Ги чекаме добрите вести од НАТО за Македонија на 12-ти јули. Ова вчера го изјави амбасадорот Џес Бејли на прославата на 4-ти јули на САД.
„Народите на нашите две земји ја делат желбата за успех затоа што напорно работат без оглед кои се нашите семејства и кого го познаваме. Сакаме нашите закони да создадат еднаков амбиент за сите и сакаме нашите деца и внуци да го уживаат животот полн со можности, слобода и мир“, порача амбасадорот Бејли.
Минатата година Македонија постигна голем напредок со договорите со Грција и со Бугарија, изјави Бејли на прославата на која што се носеа фармерки, како симбол на американската џинс генерација.