Македонија 12. август 2019. / 20:23

Амбасадорката Брнс за „Рекет“: Сега е време Македонија да се придржи кон владеењето на правото

Амбасадорката Брнс за „Рекет“: Сега е време Македонија да се придржи кон владеењето на правото

Сега е време Македонија да покаже заложба за придржување кон владеењето на правото, пишува, меѓу другото, американската амбасадорка во Скопје, Кејт Брнс на Твитер споделувајќи го статусот на еврокомесарот Јоханес Хан за случајот „Рекет“ и борбата против корупцијата.

– Како што рековме претходно, ова се сериозни обвиненија за кои е потребен сериозен одговор, кој ќе биде темелен, транспарентен и навремен. Сега е време Северна Македонија да покаже заложба за придржување кон владеењето на правото. – пишува амбасадорката на Твитер.