Македонија 15. февруари 2019. / 21:35

Aмбасада на САД: Постои зголемен ризик од терористички напад во Северна Македонија

Aмбасада на САД: Постои зголемен ризик од терористички напад во Северна Македонија

Од aмериканската амбасада информираат дека постои зголемен ризик од терористички напади од ИСИС во Северна Македонија. ИСИС има намера да ги напаѓаа граѓаните, вклучувајќи ги и американските граѓани кои патуваат во странство. Терористите сè почесто користат помалку софистицирани методи, пренесува ТВ21.

Постои висок ризик на терористички напади инспирирани од екстремистички идеологии во Северна Македонија. Терористичките напади и другите безбедносни инциденти често се случуваат без никакво предупредување, а граѓаните на САД се охрабруваат да одржуваат високо ниво на будност. Екстремистите повеќе се стремат кон идентификување и напаѓање на “меки цели”, како што се: трговски центри и пазари, аеродроми, хотели, клубови и ресторани, места за богослужба, училишта, паркови и јавни настани од висок профил (спортски натпревари, политички митинзи, демонстрации , празници, славенички собири итн, соопштуваат од амбасадата.