Македонија 04. јуни 2020. / 11:41

Алсат: Рекордни 127 новозаболени во последниве 24 часа

Алсат: Рекордни 127 новозаболени во последниве 24 часа

Во последново деноноќие се регистрирани 127 новозаболени од Ковид-19, објавува „Алсат“, повикувајќи се на свои извори.

Ако оваа бројка биде и официјално потврдена, тоа ќе биде најголем пик од почетокот на епидемијата во нашата земја.

Досега највисокиот пик изнесуваше 107 заболени лица, регистрирани за 24 часа.

Инаку, во текот на изминатото деноноќие на 435 лица им се издадени решенија за изолација, а 75 лица потпишале изјави за самоизолација.

Исто така, по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 641 прекршоци.