Двајца пациенти позитивни на Ковид-19 починаа од компликации поради инфекцијата, дознава Алсат. Согласно информациите со кои располагаме, едниот од починатите е од Скопје, а другиот од Струга.
Со ова, вкупниот број на починати лица достигна 32 лица.
Во последниве 24 часа во земјава се регистрирани 48 новозаболени пациенти од Ковид-19, со што вкупниот број на заболени во Македонија достигнува 711 лица.