Македонија 24. ноември 2019. / 17:22

Алипашината џамија во Охрид која е дивоградба свечено ќе биде пуштена во четврток

Алипашината џамија во Охрид која е дивоградба свечено ќе биде пуштена во четврток

Спорна конзервација, нелегална градба,минаре- дивоградба кривични пријави за инвеститорот,протести на охриѓани ова се само дел од стотиците наслови кои од 2016та година во чекор ја следеа и до крај ја одбележаа реконструкцијата на Алипашината џамија во Охрид, пишува 24.мк.

А таа иако неколкупати беше стопирана за градба и обградена со жолта лента поради прекршување на правилата,цели три години без прекини но и без дозвола за градба зад паравани со полна пареа си се градеше за летово да блесне во полн сјај, а на 28 ми месецов или во четврток и свечено да биде отворена најави Иламската заедница чија покана јавно осамна деновиве.

Најавата за реконструкцијата на џамијата одекна уште во 2016та година. На почетокот се се држеше во тајност и никој не откриваше што и како содржи проектот. Информациите се сведуваа на чаршиски муабети дека ќе се реставрира постоечката џамија но дека дополнително ќе се изгради и минаре високо 32 метри. За неколку недели тие чаршиски муабети станаа и официјална информација за проектот. Идејата да се изгради минаре со толкава висина веднаш ги активираше акрхитектите, охриѓани и екологистите. Организирани во здруженија јавно го кренаа гласот.Со месеци тие уверуваа и ги алармираа властите дека на таа локација се случува урбано дивеење, но повратна реакција немаше.

За првично замислената габаритност на минарето се побуни и Унеско. Следуваа прес конференции, јавни дебати, кривични пријави,протести и разни ветувања дека ќе се спроведат законите но на џамијата ниту во еден момент не запре градежната офанзива и покрај тоа што инспекторатот па и судот утврдија низа промашувања и прекршувања во проектот. На крајот страстите во јавноста се смирија откако минарето целосно се изгради. Пред да се повлечат од битката која залудно ја водеа три години активистите на Совест јавно изјавија дека се чувствуваат измамени и излажани.

Изградбата на џамијата честопати беше и причина за меѓуетнички тензии во градот, здруженијата неколкупати потенцираа дека немаат ништо против верскиот објект туку се против прекршувањето на законите. Во неколку наврати беше понудена и иницијатива објектот да стане мултимедијален центар на културите но истата никогаш не се разгледа, пишува 24 mk.