Три партии на Албанците од Македонија – Алијанса за Албанците, Движење Беса и Алтернатива преговараат за коалиција што ќе се обиде да го преземе приматот на ДУИ во албанскиот кампус.
Ние како Алијанса за Албанците сме заинтересирани за предизборна коалциија со политичката партија Беса и со Алтернатива. Ние сме подготвени со нашите капацитети како Алијанса за Албанците, меѓутоа сакаме победата да биде уште посилна, така што сме отворени и подготвени да имаме соработка со Алтернатива и со Беса. Разговараме со двете партии, има желба и се надеваме дека заеднички ќе успееме за една предизборна коалиција која дефинитивно ќе ја победи ДУИ и ќе го има легитимитетот на гласачите Албанци, изјави портпаролот на Алијанса за Албанците, Флакрон Беџети.
Можните коалиционери предизборно немаат разговори со македонскиот политички блок.
Сега за сега нема такви преговори. Ќе зависи тоа после избори за тоа ќе одлучат граѓаните кој со кого ќе коалицира. Усогласувањето на политичките програми тоа ќе се види после 12 април и ќе се види со кого ќе се коалицира, објасни гласноговорникот на партијата на Зијадин Села.