Македонија 17. јуни 2020. / 20:37

Алијанса за Албанците бара на иселениците да им се дозволи влез во земјава без корона тест

Алијанса за Албанците бара на иселениците да им се дозволи влез во земјава без корона тест

Алијансата за Албанците бара од власта отворање на границите, а на иселениците да им се дозволи влез во Македонија и без резултат од ПЦР тест. Освен тоа, од Алијансата бараат дојденците да не мора да бидат во самоизолација.

Од партијата наведуваат дека земјава е лидер во регионот во однос на бројот на заразени, така што опасноста не ни доаѓа од надвор од нашите иселеници кои доаѓаат од држави каде е веќе добиена ботката со Ковид-19.

Сведоци сме на многу тенденции за да се злоупотребува оваа состојба, но и за да им се нанесе штета на нашите граѓани кои мора да плаќаат стотици евра за нивните семејства за ПЦР тестови кои честопати и не се точни. Итно бараме Владата на следната седница да ги тргне активните мерки за граѓаните кои се враќаат во својата татковина, односно ПЦР тестот и самоизолацијата, велат од партијата