Кумановската фирма за увоз на лекови „Гео Фарм“ не работи скоро две години, пропаднатиот обид за поткуп од 10 % од приходот, што го барале од Агенцијата за увоз на лекови, ја пломбирало фирмата тврди нејзиниот сопственик Марјан Бојковски.
Деновите кога му се јавил емисарот за да ја каже сумата, пријавата во полиција, подготовките од МВР како да се изведе акцијата за да ги фатат митаџиите, инспекциите од Агенцијата за лекови, затворањето на магацините и деновите поминати де во обвинителство, де во полиција ги памети до минута, објави Телевизиаја „Алфа“.
Бојковски во неврзан разговор за телевизијата, посочувајќи имиња, обвинуваа дека се работи за органзирана група уценувачи кои како вирус се шират во бизнисот со дистрибуцијата со лекови.
Сепак, тој искажува голема доза на внимателност кога официјално зборува пред камерата.
– Како да не се плашам. Да ти стои некој …24 месеци истрага, да не знаеш што е како е, до каде е. Се допишувавме со писма, со документи, дописи сите одговараат половично, ништо конкретно – вели Бојковски, сопственикот на „Гео Фарм“.
Бојковски во 2017 година поднел барање до Агенцијата за лекови за дозвола за интервентен увоз. Тој тврди дека поднел комплетна документација, надевајќи се дека без никаков проблем ќе ја добие дозволата, оти редовно било така.
Иако рокот за одобрување е 30 дена, тој вели дека не добил одговор од Агенцијата, а притоа конкретно не му кажувале дали било прифатено или отфрлено барањето. На 15 јануари 2018, му се јавил пријател и побара среба со него со Скопје.
– Требаше да дадам финансиска … мито! Јас не прифатив, се распрашав кои се што се – малку поголема група се и така пријавив во МВР – вели Бојковски.
На осми февруари 2018 во Единицата за економски и компјутерски криминал во Скопје поднел кривична пријава. Во неа навел кој и зошто му барал поткуп, односно кој му се јавил и во чие име го барал поткупот.
Веќе следниот ден на врата му тропнале инспектори од Агенција за лекови, да му извршат вонреден инспекциски надзор. Тоа е доволна причина за сопственикот на Гео Фарм да се сомнева дека некој дошепнал дека тој во полиција пријавил за митотот од 10 %.
На прашањето за колку вкупн о пари станува збор, Бојковски одговара:
-10% од секоја увозна дозвола. Па, тоа на годишно ниво е од прилика од 40.000 до 48.000 евра – објаснува сопственикот на „Гео фарм“.
Тој тврди дека инспекторите од Агенција за лекови ја пломбирале фирмата без никаква основа.
Иако полицијата осмислила акција за поткупот, истата се реализирала, но до сега нема одговор зошто никој не е уапсен. Тој шест месеци самоиницијативно испраќал дописи до Обвинителство за да провери до каде е случајот, а во октомври годинава го повикале во одделот за организиран криминал да даде исказ.
Случајот за затворањето на Гео Фарм, е пред Управен суд повеќе од година ипол, но нема завршница.
Бојковски вели дека и во обвинителството за организиран криминал се влечка работата. Тој нема доверба во институциите, во правна држава не верува, бидејќи како што вели, тој го пријавил и митото и митаџиите, но наместо да ги фатат оние што го уценувале, им дошепнале како да се заштитат, а него му ја затвориле фирмата.