Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски денеска се сретна со амбасадорот на Шпанија во земјава.
Денеска остварив средба со амбасадорот на Кралство Шпанија, Н.Е. Емилио Лоренцо Сера. На средбата информирав за улогата, целите и надлежностите на Националниот совет за евроинтеграции, принципот на консензуално одлучување и инклузивниот карактер на телото, кое дава можност за расправа на преставници не само на законодавната и извршната власт туку и на општествениот сектор, МАНУ, ЗНМ, ЗЕЛС, стопанските комори, религиските заедници.
Покрај тоа ја искористив приликата да се заблагодарам за поддршката која Шпанија ја дава за европската интеграција, како на политичко така и на експертско ниво. Разменивме мислења за актуелните состојби, регионалната политика, состојбата предизвикана од пандемијата со Ковид-19, како и за можностите за пренесување на експертиза и искуства за зајакнување на капацитетите на Националниот совет за евроинтеграции и Собранието во пристапниот процес, напиша Николски на ФБ.
Денеска остварив средба со амбасадорот на Кралство Шпанија, Н.Е. Емилио Лоренцо Сера. На средбата информирав за улогата,…
Posted by Aleksandar Nikoloski on Wednesday, January 27, 2021