Македонија 16. јули 2020. / 11:21

Албанците си ги вратија избирачите и мандатите: Со 20.000 гласови помалку, седум пратеници повеќе

Албанците си ги вратија избирачите и мандатите: Со 20.000 гласови помалку, седум пратеници повеќе

Според последните објавени неофицијални резултати на ДИК, на вчерашните парламентарни избори ДУИ, Алијанса на Албанците-Алтернатива и ДПА освоиле вкупно 191.420 гласови.

Оваа бројка им донесе 28 пратенички мандати. Поделено по партии, ДУИ освои 15, АА-А 12 и ДПА 1 мандат.

Во оваа игра на бројки не се вклучени гласовите на коалицијата СДСМ-Беса, што ќе може да се спореди со објавувањето на деталните податоци од страна на ДИК.

Но, факт е дека партиите од, условно речено, албанскиот блок вчера со помалку освоени гласови од изборите во 2016 година успеаја да освојат дури осум пратенички мандати. Со тоа, пак, ја враќаат, па дури и ја зголемуваат бројката на пратеници од претходните парламентарни избори.

На парламентарните избори во 2016 година албанските партии, кои беа застапени во парламентот, освоија вкупно 210.749 гласа. Или, преточено во пратеници, ДУИ тогаш освои 10, Алијанса на Албанците 3, Алтернатива и Беса (тогаш беа една партија-Беса) 5 и ДПА 2 пратенички мандати.

Албанскиот блок парламентарни партии на изборите во 2014 година освоија 27 пратенички мандати. По партии, ДУИ имаше 19, ДПА 7 и еден пратеник се водеше како независен.

Постигнатите резултати на вчерашните избори уште еднаш го потврдуваат значењето на концентрацијата на гласовите и на Донтовиот изборен модел.

Според излезноста во шестата изборна единица и освоените гласови во сите изборни единици во кои , СДСМ поединечно не успеа да го повтори успехот со „упадот“ во албанскиот дел од електоратот од претходните избори. Дотолку повеќе што овој пат настапуваше во предизборна коалиција со Беса.