Македонија 24. април 2018. / 14:54

Албанците пред конфликт во Струга: Луѓе на Мерко го искршиле штабот на Села?

Албанците пред конфликт во Струга: Луѓе на Мерко го искршиле штабот на Села?

На бандитски начин по наредба на Рамиз Мерко, денеска околу 10:30 часот искршен е ѕидот кој го дели објектот на општината и штабот Алијансата за Албанците, обвинуваат од партијата на Зијадин Села.

 

-Овој начин на дејствување на Рамиз Мерко е познат од порано, бидејќи овој човек е експерт за узурпација на имоти и дивоградби. Им укажуваме на Рамиз Мерко дека проблемите што ги има со македонските партнери не може да ги дефокусира и да се одмаздува кај Албанците. Ние ќе ги следиме сите правни начини за одбрана на штабот и членството на Алијансата. Плановите на Мерко и фамилијата не може да бидат на грбот на Алијансата и нејзините членови, реагираат од АА-Струга.