Македонија 10. март 2019. / 11:49

Aлбанците не го поддржуваат Пендаровски

Aлбанците не го поддржуваат Пендаровски

Очекувањата на партиите кои го подржуваат Стево Пендаровски се дека тој ќе освои голем број албански гласови но според коментарите кои го следеа на фејсбук за време на неговото гостување во Алсат-М можеше јасно да се да се види дека тоа не е баш така.

Во неговото гостувањето во емисијата „Патот Кон“ која се емитува на Алсат-М за време на преносот на емисијата во живо на Фејсбук, според коментарите јасно можеше да се види дека иако кандидатот албанец за претседател, Блерим Река не беше присутен во студиото, скоро сите коментари беа во негова полза. Во коментарите ретко можеше да се сретне името на Пендаровски а и кога се спомнуваше тоа беше во негативна конотација.

Некои од коментарите беа:

1-Срам за вас што го предлагате Пендаровски

2-Овој убил многу Албанци

3- Мрш куче ни едно

4- Албанци гласајте за Блерим Река бидејќи во спротивно ке не крене реката Вардар и ќе не однесе во Грција

5-Кажетени господине Пендаровски, кои се тие имиња во ДУИ кои се криминалци? Кога го рековте тоа, на кое име мислевте тогаш?

6- Значи господине Пендаровски вас не ви смета да ве подржуваат криминалци

7- Срамота за тие албанци кои ќе го гласаат Пендаровски

8-Ниту еднен албански глас да не оди за македонски кандидат. Ова ни е најдобрата прилика да имаме претседател албанец како господинот Река

9- Само напред господине Блерим Река и ви посакуваме победа. Дијаспората е со вас.