Македонија 31. октомври 2018. / 18:04

Алармантна ситуација: Воздухот во Македонија е најзагаден

Алармантна ситуација: Воздухот во Македонија е најзагаден

Воздухот во Македонија е најзагаден во цела Европа, стои во извештајот на European Environment Agency. 

Меѓу најзагадените земји во Европа се Бугарија, Полска и Словачка, а, за жал, ситуацијата во Македонија е прогласена за најлоша.

500.000 случаи на прерана смрт може да се поврзат со токсичниот воздух кој го дишеме. Според истражувањата токму загадениот воздух е причина за прерана смрт во 41 европски земји од срцеви заболувања, астма и рак на белите дробови.

Во извештајот се наведува дека загадувањето на воздухот е наречено тивок убиец и се порачува дека е време за црвена тревога.