Македонија 16. април 2018. / 09:23

Алаѓозовски ќе ги учи робијашите од Шутка да бидат уметници

Алаѓозовски ќе ги учи робијашите од Шутка да бидат уметници

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски и директорот на КПУ Затвор Скопје во Шуто Оризари Ѓоко Котевски ќе потпишат меморандум за соработка со кој се предвидуваат активности за унапредување на културно – уметничките содржини за затворениците како една од најранливите категории граѓани.

Мерките предвидуваат посета на културно–ументички настани за примерните осуденици, збогатување на библиотеките, организирање работилници и културно-уметнички настани во затворот од осудениците и со гости уметници.