Македонија 04. август 2020. / 10:30

Активисти бараат итно поставување столпчиња на новите велосипедски патеки во Охрид

Активисти бараат итно поставување столпчиња на новите велосипедски патеки во Охрид

Активистите на неформалната еколошка организација „Чист Охрид“, иако како заложба го имаат фокусот на унапредувањето на животната средина, не го изоставуваат и квалитетот на живот кој мора постојано да се унапредува.

Тие реагираат на несовесниот однос на возачите кои редовно возилата непрописно ги паркираат на велосипедските патеки и тротоарите, оневозможувајќи безбедно одвивање на сообраќајот за сите учесници.

Силно ги поздравуваме заложбите на локалната власт за создавањето нови велосипедски патеки, но, нивниот концепт мора да се унапреди и доработи. Имено, повеќе од два месеци, новите вело-патеки низ градот не се целосно завршени. Освен обележувањето на патеките, ситуацијата на улиците каде што се наоѓаат е идентична како порано. Како организација бараме под итно поставување на столпчиња на патеките, со цел заштита на животот и поголема безбедност на велосипедистите во градот кои се еднакви учесници во сообраќајот – велат од „Чист Охрид“.