Македонија 12. јули 2019. / 21:50

Активист на БЕСА поставил табла – „Јавна куќа ДУИ“ и завршил во полициска станица

Активист на БЕСА поставил табла  – „Јавна куќа ДУИ“ и завршил во полициска станица

Активистот на движењето Беса, Артан Етеми, бил повикан во тетовската полиција на информативен разговор поради тоа што на неколку места низ Тетово поставил знаци и табли со навредлива содржина за ДУИ, како на пример „Јавна куќа ДУИ“.

Лидерот на БЕСА, Билал Касами, побара објаснување од тетовската полиција, истакнувајќи дека полицијата треба да ги брани активистите, наместо криминалците.

-Ова се случува кога политичките партии, власта оди во погрешен правец, наместо да се занимаваат со заштита на граѓаните и да им служи на граѓаните, се занимаваат со заштита на криминална група, која функционира како паралелна група во ДУИ – рече Касами по напуштањето на полициската станица во Тетово заедно со активистот Етеми.