Не стивнуваат реакциите на јавноста по драконските пресуди на судот за наводен тероризам на 27-ми април.
Драконската казна од вкупно 211 години за 16-те обвинети во случајот ја разбранува јавноста и експресно беше квалификувана како политички прогон кон обвинетите од страна на опозицијата но и од голем дел од граѓанскиот сектор.
По реакциите, доколку има желба, законот му дозволува на претседателот Ѓорге Иванов да ги помилува осудените и така целосно да го стопира случајот.
Во законот за помилување, делото за терористичко загрозување на уставниот поредок не е помеѓу оние кои се исклучени за помилување.
–Помилување не може да се даде и на лица осудени за кривични дела против изборите и гласањето од Глава шеснаесета од Кривичниот законик („Службен весник на Република Македонија“ број 37/96, 80/9, 4/202, 43/203, 19/204, 60/206, 73/206, 7/208 и 139/208), кривични дела против половата слобода и половиот морал од Глава деветнаесета од Кривичниот законик сторени спрема деца и малолетни лица, кривични дела против здравјето на луѓето од Глава дваесет и прва: кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори од членoт 215 и кривично дело овозможување на употреба на наркотични дроги од членoт 216 и за кривични дела против човечноста и меѓународното право од Глава триесет и четврта од Кривичниот законик – стои во законот.
Ова значи дека Иванов има право да ги помилува осудените, но, останува да видиме дали до крајот на неговиот мандат ќе го искористи ова право.