Македонија 19. октомври 2020. / 11:01

Акција синоќа во Глумово: Спречена свадба со 300 гости

Акција синоќа во Глумово: Спречена свадба со 300 гости

Пазарната инспекција и Министерството за внатрешни работи во заедничка акција синоќа во ресторан во Глумово затекнале околу 300 гости кои присуствувале на свадба, што е спротивно на здравствените протоколи за спречување на ширењето на Ковид-19.

Според првичните информации, акцијата е спроведена пред 21 часот, а свадбата по упадот на полицијата е прекината.

Повеќе детали се најавени во текот на денешниот ден.