Не е ново откритие дека јазикот, што го зборуваат во Северна Македонија, е писмено регионална норма на бугарскиот јазик. Македонски јазик нема.
Ова во утринската емисија на БТВ Новините го изјави заменикот претседател на Бугарската академија на науките, проф. Васил Николов, по промоцијата на книгата „За официјалниот јазик на Република Северна Македонија“, која дава потврден текст за официјалниот јазик на нашиот западен сосед, пишуваат БТВ Новините.
Професор Николов подвлече дека бугарската јазична дијаспора е широка и на нејзина територија има неколку различн и норми. Во текот на последните 75 години, според неговите зборови, дијаспората е значително променета за да се одалечи од литературниот бугарски јазик.
Бугарските научници беа испровоцирани да ја напишат книгата, откако нивните колеги во Северна Македонија усвоија повелба за македонскиот јазик во која се изнесени многу невистини.
-Експертите кај нас се спротивставија. Затоа одлучивме да ги повикаме најдобрите историчари и лингвисти, кои ќе подготват текст за потеклото на македонскиот јазик. Последното такво проучување беше во 1979 година, изјави проф. Николов.
Според неговите зборови, голем проблем за луѓето во Северна Македонија е да не се бара промена на нивниот идентитет.
-Ние јасно велиме-тоа е варијанта на бугарскиот јазик и не ги тераме да се чувствуваат Бугари. Етничката самосвсест е нешто индивидуално. Проблемот не постоел пред 100 години, подвлече академикот.
Според него, треба да се остварат многу пошироки контакти меѓу двете држави. Проф. Николов исто дополни дека и во учебниците треба да дојде до некои промени и јасно да бидат изнесени фактите.
Исто така дополни дека лингвистите предлагаат да има северномакедонски бугарски јазик.