Македонија 13. декември 2019. / 20:38

Академик Ѓорги Поп-Атанасов: Aлбанизација и крај за Македонија носи Законот за јазиците

Академик Ѓорги Поп-Атанасов: Aлбанизација и крај за Македонија носи Законот за јазиците

Изгласувањето на предлог-законот за употреба на јазиците ќе предизвика албанизација на територијата на цела Македонија. Тоа е закон за албанскиот јазик и треба да се прогласи за официјален на цела територија на Република Македонија. Ако се направи тоа, со Македонија е крај, вели за „Факултети“ во интервјуто од 2017 година.академик Ѓорги Поп-Атанасов.

Ако е тоа официјален јазик, ќе треба да се учи во основните училишта. Во секое основно училиште во Македонија ќе треба да однесеш учители. Тие што се во Македонија нема да бидат доволни, па ќе треба да увезете од Косово и од Албанија. Така ќе дојде до комплетна албанизација на целата територија на Македонија. Со тој закон албанскиот јазик треба да се прогласи за официјален на цела територија на Република Македонија. Ако се направи тоа, со Македонија е крај, вели академик Ѓорги Поп-Атанасов, теолог, изучувач на старословенската книжевност и на старите ракописи. Тој е постојан член на Одделението за лингвистика и литературна наука при Македонската академија на науките и уметностите, а тесна специјалност му се македонска црковна книжевност, библистика, херменевтика, црковна химнографија, хагиографија.

Целото интервју на „Факултети“.