Македонија 27. февруари 2021. / 23:01

Ахмети: Воопшто не се зборуваше за оставка на Артан Груби

Ахмети: Воопшто не се зборуваше за оставка на Артан Груби

ДУИ во текот на денешниот ден одржа состанок на Централното раководство. По завршувањето, лидерот Али Ахмети ги демантраше вестите дека се разговарало за оставка на Груби.

– Воопшто не се зборуваше за оставка. Се зборуваше за принцип, за стратегија, за програма за задачите што нè очекуваат како Влада, но нормално дека тие треба да одговараат и никогаш не сум побарал поинаков глас на мислење. Секој пат бев следбеник и охрабрував работи за кои треба отворено да се зборува забелешките треба да бидат отворени така што ќе им се даде можност на сите да ја разјасни и објасни неговата работа што ја работи, изјави Али Ахмети – претседател на ДУИ.

Ахмети додаде дека ДУИ е добро организирана и носи одговорност 20 години во важните процеси во државата.

– Дискутирани се за сите прашања, јавноста е заинтересирана бидејќи имало разни информации во отсуство на состаноци. Сите работи се разјаснети и ги уверувам сите Албанци дека ДУИ е добро организирана сила и носи одговорност 20 години во важните процеси, рече лидерот на ДУИ, по средбата со Централното претседателство.

Што се однесува до преписките помеѓу Изет Меџити и вицепремиерот Артан Груби, Османи претходно рече дека тие имаат различни мислења.

– Секогаш во ДУИ имало различни мислења и тие се охрабрени од претседателот на ДУИ бидејќи ДУИ е жива партија каде е дозволена внатрешната дебата, партија која секогаш се освежува со нови идеи, изјави Бујар Османи – портпарол на ДУИ.