Македонија 09. декември 2018. / 10:52

Ахмети: Уставните измени ми создаваат немир!

Ахмети: Уставните измени ми создаваат немир!

Како да имам еден немир, затоа што ова е еден многу важен процес, се плашам да не се повреди од невниманијата на институциите, да не се создаде јавното мнение дека ова е еден процес кој веќе е затворен и дека е завршен. Овој процес се уште е во развој и треба сите државни институции, законодавни институции, институциите кои ги спроведуваат законите, да бидат внимателни, да го чуваат од некоја надворешна инфламација, затоа што лесно може да се загрози имунитетот на овој процес, вели претседателот на ДУИ Али Ахмети во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

– Владата, политичките партии кои се во оваа коалиција навистина многу енергиja потрошија во насока на менаџирање на овој процес во насока на почитување на Преспанскиот договор – речиси сиот капацитет на политичките партии, на Владата на Република Македонија, целосниот ангажман е овој процес да се спроведе, затоа што е еден многу важен процес, е еден неповторлив процес, т. е. овој е еден решавачки момент дали Република Македонија ќе се придвижи во добра насока, или ќе тапкаме во место. Ако останеме да тапкаме во место, тапкањето во место има непредвидливи последици за нас како држава, но и за регионот. Така, проблемот, решавање на овој проблем, спроведувањето на Договорот, или пак неспроведувањето на Договорот – за кое јас и не би сакал да го помислам, неспроведувањето на Преспанскиот договор – има последици за целиот регион, но има придобивки и целиот регион во насока на инсталирање на мирот, безбедноста, стабилноста и иднината на Република Македонија, кажа Ахмети.