Судство, политика, избори, здравство и загадување. Лидерот на ДУИ Али Ахмети не пропушти да спомене ниту една актуелна тема. Во 30 –минутното обраќање пред партиските членови, функционери и министри, во обид да објасни колку е важен процесот на влегување во НАТО и ЕУ користеше и лекарска терминилогија.
Иако не сум лекар ќе се изразам така. На крајот сме од завршувањето на еден голем процес и тоа е исто како раѓање на дете. Мораме да бидеме внимателни да не го повредиме. Затоа се обраќам до опозициите од двете страни да не го злоупотребуваат процесот. Не е време за политички поени и градење на политички кариери. На 9 ти јануари ќе почне да се пишува најновата историја, рече Ахмети.
За Ахмети и ДУИ не постои друго решение освен консензуален претседател. Не откри кој е предлогот, но очекува брзо решение.
„Сакаме консензуален претседател што ќе ја турне државата нанапред. Се уште немаме конкретен предлог, но на добар пат сме да најдеме соодтвено име со нашите стратешки партнери, рече Ахмети.
Здравството и загадувањето не изостанаа во списокот на Ахмети. Во првите редови во салата слушаше и миниситерот за животна средина од редовите на ДУИ, Садула Дураки дека треба да се трошат пари на превенција, а не на лекување.
Ахмети на своите политички соперници им порача дека во политичкиот блок кај Албанците нема место за повеќе од 2 партии.