Македонија 05. октомври 2018. / 12:31

Ахмети се сретнал со Мицкоски

Ахмети се сретнал со Мицкоски

Лидерот на ДУИ Али Ахмети веќе се сретнал со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а од ДУИ не ја исклучуваат можноста за нови средби во наредните денови, само за да се убеди ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржи амандманите, јавува Плусинфо.

Од партијата не откриваат детали како поминала средбата помеѓу Ахмети и Мицкоски и дали е можна промена на ставот на дел пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.

Освен Ахмети и дел пратеници на ДУИ ќе ги убедуваат колегите од ВМРО-ДПМНЕ за значајноста на Договорот за името за евроинтеграциските процеси на земјава, а меѓу клучните играчи за ова ќе биде и претседателот на Собранието, Талат Џафери.

„Слободен печат“ објави дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во обид да најдат договор за поминување на уставните амандамани во Собранието веќе водат преговори на ниво на генерални сектетари, а се очекува и средба на ниво на партиски заменик-претседатели, односно потпретседатели.

Засега е познато дека координаторот на СДСМ Томислав Тунтев и на ВМРО-ДПМНЕ Драги Данев имале средба но таа не довела до приближување на ставовите и било оставено да се чекаат дополнителни насоки од повисоките ново на партиите.