Македонија 18. јули 2019. / 09:31

Ахмети се сретна со новата амбасадорка на САД: ДУИ ќе биде партнер во реализацијата на реформите

Ахмети се сретна со новата амбасадорка на САД: ДУИ ќе биде партнер во реализацијата на реформите

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, оствари средба со новата амбасадорка на Америка во Македонија, Кејт Мари Брнс.

Ахмети и честиташе на Амбасадорката Брнз за новата должност, изразувајќи убедување дека успешната соработка со САД ќе продолжи и во иднина во насока на реализирање на нашите заеднички цели, Северна Македонија интегрирана во НАТО и ЕУ и со функсионална демократија. Соговорниците истотака разговараа и за заедничките достигнувања во насока на општествената кохезија, Договорите со Атина и Софија и патот кон НАТО и Европската Унија. Ахмети истакна дека ни претстои уште многу работа, посебно во насока на владеењето на правото и реформите, вклучувајќи ги тука и одговорноста и отчетноста.

– Нашата земја чекори кон евроатланската интеграција и задолжително треба да ги исполни бараните стандарди, додека ДУИ ќе продолжи да биде партнер во реализација на реформите за доброто на нашите граѓани. – рече тој.

Истакна дека сите достигнувања се заеднички и дека Соединетите Американски Држави може да сметаат дека ДУИ ќе продолжи да биде искрен партнер.