Македонија 27. декември 2019. / 16:01

Ахмети прв го прекрши, а сега бара да се почитува правилото Владата да ја прават победниците

Ахмети прв го прекрши, а сега бара да се почитува правилото Владата да ја прават победниците

„Не би било добро за државата ако не се почитува принципот победниците на изборите да прават влада“ изјави денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој бара да се почитува непишаното правило владата да ја прават победниците во македонскиот и во албанскиот политички блок .

„Во 2016 имаше специфични околности за државата. Не би било добро да се повтори 2006 година“, изјави Ахмети денеска во Тетово на новогодишниот брифинг со новинарите во седиштето на партијата во Мала Речица.