Македонија 20. октомври 2019. / 21:38

Ахмети: Најважно е изборите да бидат демократски

Ахмети: Најважно е изборите да бидат демократски

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети по лидерската средба на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски изјави дека ова бил најконструктивен состанок до сега.

Ахмети потврди како што соопшти претседателот Пендаровски дека сите политички партии во државава се едногласни дека државата мора да започне преговори со ЕУ.

За парламентарните избори кои премиерот Заев ги најави на 12 април догодина, Ахмети рече дека е најважно тие да бидат демократски.

Лидерот на ДУИ додаде дека е договорено земјата да го ратификува НАТО протоколот и да го изгласа Законот за одбрана.