Лидерот на ДУИ Али Ахмети финансиски ќе ја помогне одбраната на поранешните соборци и офицери на ОВК од војната во Косово, Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи, а сега обвинети за воени злосторства пред судот во Хаг, потврди за „Плусинфо“ генералниот секретар на ДУИ и прв вицепремиер Артан Груби.
Засега нема информации дали некој друг од поранешните учесници од Македонија во војната во Косово ќе даде пари, само извесно е дека ексгенералот Гзим Острени сака, ама има мала пензија, па не може да им помогне на екссоборците.
Од ДУИ не откриваат колку пари Ахмети ќе донира за одбраната и дали евентуално ќе ги мобилизира екссоборците како и бизнисмени од Македонија да го одврзат ќесето за врвни адвокати да ги бранат Тачи, Весели, Селими и Красниќи во Хашкиот суд.
Повеќе на „Плусинфо“