Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, во седиштето на ДУИ во Тетово, го пречека шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која. Соговорниците дискутираа за политичката ситуација во земјата, уставните измени, реформите, како и Охридскиот рамковен договор.
Ахмети зборуваше и за неговата и посветеноста на ДУИ за системските реформи и владеење на правото како главни услови од преговорите за членство во Европската Унија, се вели во соопштението од партијата.
„Претседателот Ахмети истакна задоволство поради поддршката за уставните измени во Собранието која овозможи имплементација на Договорот од Преспа и доведување на земјата чекор поблиску до НАТО и ЕУ. Демократската Унија за Интеграција ќе продолжи со напорите за заокружување на интегративниот процес како апсолутен приоритет не само на ДУИ, но и на сите граѓани“, соопштија од ДУИ.
„На средбата истотака се дискутираше за спроведувањето на Охридскиот Договор како еден од основните документи на нашата држава“, соопштија од ДУИ.