Претседателот на ДУИ, Али Ахмети вечерва е во „Клик Плус“ на ТВ21. На оваа емисија претседателот на најголемата албанска партија дебатираше на повеќе теми, а имаше коментар и околу ветото од Бугарија.
Ахмети истакна дека е задоволен од тоа како Владата е поставена околу надворешната политика, конкретно околу целата ситуација со Бугарија. Тој смета дека до Нова Година очекува бугарската страна да ја прифати понудата на премиерот Заев.
– Нашата влада има подготвено понуда за бугарската страна и во наредните денови треба да очекуваме каква реакција ќе имаме од Бугарија. Јас мислам дека добро работиме и се надевам на добар епилог до Нова Година, истакна Ахмети во вечерашното интервју.